Skip navigation

Category Archives: PhotoLog

DSC_3113

Имавме прилика и особено задоволство по втор пат да се организира скејт настан / работилница лоцирана во МКЦ која беше инспирирана како и секогаш од неисцрпниот афинитет кон спортот,  наречена ReSk8.2 Workshop. Се произведоа неколку несекојдневни урбани скејт елементи кои беа вклопени и искористени (читај: скејтани) во просторот на фоајето на МКЦ. Благодарност за можноста и организацијата до Skopje Urban Hub, City Creative Network – CCN, С.A.M!

За галерија од настанот клик на ликот ТУКА.

10257221_1387688704848058_7235635233137007951_oКлик на сликата за галерија која константно ќе се дополнува со фотографски мемории од скејт сцената во МК, Скопје во раните 90-ти!

Благодарност до Дарко Наумовски за прекрасната фото ризница од Македонската скејт историја!

 

флип аут

 

DSC_2483

Благодарение на релативно пријатните температури во нашиот град оваа зима имаме задоволство да роламе скејт преку целата година!

Клик на сликата за линк до Фебруарска мини галерија.

 

SundaySession

Ладно декемвриско неделно поладне.

Скопје почнува да располага се повеќе и повеќе со добри стрит скејт спотови од кои би го одвоиле плоштадот во Автокоманда, клик на сликата за мини неделна галерија.

флип аут

1461526_10201233761423113_1117363196_n

Нашиот пријател Кирил од тимот на АБСУРД и оваа година го посети Балканот и не изостави да се појави во нашиот град повторно заедно со Alexey Lapin, Leo Lukin, Pasha Kryukov и Yura Renov i Dmitri Shatalov од NASVAY кои го сочинуваа рускиот дел од бандата. На наше ОГРОМНО задоволство со него допатуваа и Chris Haslam, Daniel Zvereff, Andrew Cannon i Tom Kleinschmidt! Read More »

img_5278

Неделава (денот) што измина, локална скејт екипa ја посети Спомен Костурницата во Велес која е во доста добра возна (скејт) состојба како што можете да видите од приложените слики во галеријата која е достапна на следниов линк: http://xmkd.com/element/kosturnica-memorial-skated-perfect-wave/

Перфект!

флип аут

DSC_1393

Ден 1: Сабота   |   Време: 9:00h   |   Локација: DropIn Skateshop

Собиранка за веќе двегодишно старата скејт турнеја организирана од страна на скејтшопот DropIn. Овојпат како појачување самостојно се организираа уште две коли со скејтери од Скопје.

Тате, Иле, Перо, Мате,  Игор, Илин, Даре, Јогурт, Томи, Јоци, Штеки, Ганџа, Фичо, Влатче, Ифо, Аце, Зу, окцуП.

Read More »

Оваа година успешно се организиравме да ја посетиме традиционалната “Скејт Текма” во Белград, Србија, која оваа година влезе како дел од хипхоп фестивалот “Сви Као Један” којшто итекако добредојде за време на престојот.

Read More »

После X години буткање по градов и околината со нашите ни најмили играчки од дрво мислам дека би се согласиле со мене кога би рекол дека секој во себе носи желба да го доживее искуството што го носи скејтбордингот од она што го гледаме по скејт видеата, дружба, комбе, турнеја… Read More »

Пројде уште една долга зима (и се гледа крајот), едно мало освежување и подсетување за почетокот на сезонскиот фаворит во последниве 20 години, ролање скејт.

Клик на сликата за галерија.