Skip navigation

DSC_1393

Ден 1: Сабота   |   Време: 9:00h   |   Локација: DropIn Skateshop

Собиранка за веќе двегодишно старата скејт турнеја организирана од страна на скејтшопот DropIn. Овојпат како појачување самостојно се организираа уште две коли со скејтери од Скопје.

Тате, Иле, Перо, Мате,  Игор, Илин, Даре, Јогурт, Томи, Јоци, Штеки, Ганџа, Фичо, Влатче, Ифо, Аце, Зу, окцуП.

После задолжително кафе, полнење стомак и некоја утринска фотка следува товарење во комбе и коли, и пат под нозе накај Струмица. Пристигаме во Струмица напладне а пред нас се отвара едно од најубавите места за скејт што го виделе нашите колективни очи во Македонија. Се распрскуваат сите по огромниот простор кој нуди можности за долги, доооолги скејт линии исполнети со трикови. Скали, леџови, мануал падови, флет како путер, пријатна атмосфера. Струмица има се! Убавиот ден се користи за многу возење од сите присутни до доцна во денот со видлив восхит за скејт спотот кој го откривме овој ден.  Ја напуштаме Струмица. Пристигање доцна во ноќта во Охрид, се распрскуваме и се сместуваме по локалните скејт дувла (Респект до ОХ кру!)

Ден 2: Недела  |   Време: 11:00h   |    Локација: Скејтпарк Охрид

Убавото време и енергија продолжи да не следи и во Охрид. Задолжителната посета на локалниот скејтпарк кој со многу малку корекција би бил одличен парк со перфектна местоположба, покрај плажа. Ден за лабаво возење, чилање со охридската банда, и по некој клип. При крај на денот ги полниме добро стомаците и после кратка прошетка низ Охрид се пакуваме за Скопје.

Благодарност до DropIn и Тате за организацијата, возачите кои беа неуморни и сите кои ја подржаа оваа дружба. Беше убаво да се cподели вакво нешто со сите, уште една успешна скејт тура под нашите нозе која се надевам ќе прерасне во традиција.

Кликни на сликата за линк до галерија.

СКРШИСЕОДВОЗЕЊЕ!

флип аут.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: