Skip navigation

Tag Archives: SAM

DSC_3113

Имавме прилика и особено задоволство по втор пат да се организира скејт настан / работилница лоцирана во МКЦ која беше инспирирана како и секогаш од неисцрпниот афинитет кон спортот,  наречена ReSk8.2 Workshop. Се произведоа неколку несекојдневни урбани скејт елементи кои беа вклопени и искористени (читај: скејтани) во просторот на фоајето на МКЦ. Благодарност за можноста и организацијата до Skopje Urban Hub, City Creative Network – CCN, С.A.M!

За галерија од настанот клик на ликот ТУКА.

IMG_20140111_172222

Ветено – Сторено. Уште еден супер викенд во Солун, СКИРОЛ, С.А.М, XMKD, ЈC МК и нашите другари од NorthPark! Видеото од посетата можете да го погледнете со клик на сликата!

флип аут

После долго буткање, паѓање, радости, болка, смеа, скршени даски и глави, раце и колена, многу километри изролани, дружба и ПРЕД СЕ забава, со огромно задоволство ви го претставуваме новиот трејлер за третото продолжение на СКИРОЛ!

Уживајте!

П.С. Информации за презентацијата на комплетното видео ќе бидат објавени наскоро!

Стеј Тјунд!

919073_10200136256837326_2065006113_o

Сложни деца, шипка градат 🙂

С.А.М (Скејтборд Асоцијација на Македонија) се погрижи да покрај GrindBox-от сега има и нов Rail, на спотот “под Железничка”. Изработен перфектно, лизга како топол нож во путер. Благодарност до DropIn за помошта и бујрум на радости!

Оваа година успешно се организиравме да ја посетиме традиционалната “Скејт Текма” во Белград, Србија, која оваа година влезе како дел од хипхоп фестивалот “Сви Као Један” којшто итекако добредојде за време на престојот.

Read More »